Утрински Весник
Македонија

МЗ: Пациент испишан од Љубљана, во странство остануваат да се лекуваат 68 лица

Klinicki Centar 800x600 1.jpg

Во медицинските центри надвор од државава во моментов се лекуваат 68 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана. Неговиот медицински третман го продолжува во друга држава, каде лицето има здравствено осигурување, информираат попладнево од Министерството за здравство, околу пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани.

– Најавени се неколку исписи за пациенти за наредниве денови, по финализирање на постапката со протоколите. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти, се наведува во соопштението.


Во државава, шестмина пациенти се лекуваат во хируршката клиника „Свети Наум Охридски“, двајца на Клиниката за токсикологија, еден пациент на Клиниката за пластична хирургија. Двајца пациенти се лекуваат во „Систина“, според податоците на Министерството.

– Секојдневно ја следиме состојбата со повредените пациенти и продолжуваме со информирање на јавноста на дневна основа, обезбедувајќи најдобра здравствена нега и грижа за сите пациенти, тврдат од Министерството.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Шеесет лица го изгубија животот во трагедијата.

Можете да прочитате

Шок за иселеник: Работи во Швајцарија, а дома го чекал долг од 82.000 евра за кредит што никогаш не го зел

Лажен лекар измамил неготинка за три илјади евра 

Тошковски: Германската поддршка е силна потврда за партнерството во борбата против организираниот криминал и заштитата на границите