Утрински Весник
Македонија

МЗ: Нов директор на Клиниката за инфективни болести, продолжени мандатите на првите луѓе на ГАК и Клиниката за психијатрија

Infektivna 6.jpg

Министерството за здравство информира дека поради истекување на мандат во време на предизборниот период, спроведени се конкурси во три јавно-здравствени установи, за избор на четири директорски места.

– На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, по спроведениот конкурс за нов медицински директор, избран е доктор Фадил Цана, согласно доставените документации. На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, по спроведените конкурси, мандат добија доктор Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор. На Клиниката за психијатрија, за медицински директор е назначен професор доктор Стојан Бајрактаров, појаснуваат од Министерството.

Оттаму додаваат дека сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство

Можете да прочитате

Вечерва бензинската пумпа на Макпетрол во Аеродром не точи никакво гориво

ВЛЕН на средба кај Курти во Косово

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина