Утрински Весник
Македонија

МВР за случувањата кај „Комунална хигиена“: Протестирале 50 лица, меѓу нив и невработени лица

МВР за случувањата кај „Комунална хигиена“: Протестирале 50 лица, меѓу нив и невработени лица

Полицијата затекнала лица кои не се вработени во скопска „Комунална хигиена“ а протестирале во кругот на претпријатието. Станува збор за лица, чии договори за работа се раскинати од страна на директорката Косана Мазнева. Според МВР, на протестот имало околу педесет лица.

dobivaj vesti na viber

„Во Полициска станица Гази Баба е пријавено дека во јавно претпријатие на подрачјето на Гази Баба дел од вработените одржуваат протест, а меѓу нив се и лица кои не се вработени во претпријатието. Од страна на полициски службеници веднаш е излезено на лице место, при што било констатирано дека околу 50 лица протестираат и ги попречуваат останатите вработени во извршувањето на работните обврски“, велат од МВР.

Посочуваат дека лицата кои не биле вработени, а ја блокирале работата на претпријатието се приведени. Според информациите од вработени во „Комунална хигиена“ станува збор за четворица, кои биле ангажирани со договор на дело, кој директорката Мазнева им го раскинала.

„Со полициска интервенција возилата ангажирани за собирање на сметот биле пропуштени да излезат од капијата, а лицата кои не се вработени, а биле затекнати во кругот на претпријатието ќе се соочат со законски предвидените поднесоци“, додава МВР.

Според скопската градоначалничка Данела Арсовска, на протест се излезени лица организирани од мафијашки структури. Според неа, претпријатието е во заложништво на две фамилии, односно 70 лица кои меѓусебно се роднини. Посочи дека не може да страдаат 1.300 вработени поради нив.

Можете да прочитате

За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места 

Андоновски – Гавковски: Полска и Министерството за дигитализација ќе биде најголем поддржувач на европската интеграција на Македонија

Исклучен Термоблок 2 во РЕК Битола поради заштитна реaкција, поведена е истрага