Утрински Весник
Македонија

МВР: Во сабота фотографирање за лични документи без закажан термин за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ

OPShTA MVR101.png

Министерството за внатрешни работи во сабота (06.04.2024) во периодот до 08.00 до 15.00 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош.

Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски се спрема за предвремени избори

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“ 

ЦУК и полицијата со итна спасувачка акција за тројца планинари на Бистрица