Утрински Весник
Македонија

МВР во целост ја гарантира безбедноста на граѓаните во насока на спроведување на фер и демократки „Локални избори 2025″

Mvr.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за внатрешни информира дека работи во пресрет на „Локални избори 2025″ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.

платено политичко рекламирање

„Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола со цел побрза реакција и преземање на соодветни мерки и активности во случај на инциденти.


МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од било какви активности  кои би можеле да го нарушат изборниот процес. Во текот на изборниот ден, МВР соодветно ќе ја информира јавноста за одвивањето на изборниот процес“ велат од МВР.

Можете да прочитате

Грчкото МНР реагира на изјавите на Мицкоски за името Македонија

Фатих Шахбаз застанува на чело на Халкбанк

СДСМ: ДПМНЕ игра опасна игра со мигрантите