Утрински Весник
Македонија

МВР со записник за синот на директорката во Демир Хисар – влегол во училиштето без дозвола

Img 3860.jpeg

Полицијата во Демир Хисар денеска составила записник за констатиран прекршок против синот на Маја Лозановска, актуелната директорка на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“. Случајот следи по петочниот инцидент, кога полициски началник бараше Лозановска да биде спроведена на носилка на информативен разговор, додека полицијата трагаа по печатите на училиштето за да може функцијата да ја преземе новоназначената директорка од страна на градоначалникот, Јасмина Дамчевска, пишува Слободен печат.

Во записникот се наведува дека во 10:30 часот синот на Лозановска влегол во училиштето без дозвола од Дамчевска. Според полицијата, со тоа тој го прекршил член 26 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, кој предвидува парична казна од 50 до 150 евра за лица што нарушуваат ред во училиште во кое не се ученици или во други јавни објекти.


Синот на Лозановска одбил да го потпише записникот, а неговиот адвокат Жарко Стеваноски најави дека ќе го оспори, повикувајќи се на податоците во Централниот регистар каде како директорка сè уште е впишана Маја Лозановска, а не Јасмина Дамчевска, која фигурира како директорка во полициската евиденција.

Можете да прочитате

ЗНМ и ССНМ изразуваат загриженост за постапувањето на полициските службеници кон новинарите во Демир Хисар

Меџити: 24 години од Охридскиот рамковен договор – трајна обврска за заедништво и еднаквост

Вкупно 20 пожари до 19 часот!