Утрински Весник
Македонија

МВР со нови возила за полицијата

471423059 122202732530197509 1227538276598212264 N.jpg

Министерството за внатрешни работи денеска официјално стави во функција нови моторни возила за потребите на организациските единици на МВР и БЈБ. Настанот се одржа во кругот на министерството, како дел од заложбите за изградба на модерна и ефикасна полиција, способна да се справи со сите видови криминал и да ја гарантира безбедноста на граѓаните.

Набавката на возилата, произведени од компанијата „Шкода“, е извршена преку јавна набавка со цел обновување на возниот парк кој се наоѓа во незавидна состојба. Министерството планира во текот на следната година значително да го обнови возниот парк, со што ќе се подигне нивото на функционалност и ефикасност на полицијата.


„Македонската полиција ќе биде гордост и носител на безбедноста за сите граѓани. Продолжуваме со амбициозни планови за изградба на нови полициски станици, нови униформи и модернизација во секој сегмент,“ истакнаа од МВР.

Министерството најави дека и во наредниот период ќе продолжи со активности за подобрување на условите и опремата на полицијата, со крајна цел постигнување на високи европски стандарди во безбедносниот сектор.

Можете да прочитате

Шест месеци ни трага ни глас од Злата Јанкова од Свети Николе

Намалена видливост поради магла до 30 метри од село Лисец до Попова Шапка

Воздухот во затворен простор е 5 до 10 пати позагаден од надворешниот – Прочистувачите за воздух се прва одбрана од загадувањето во домот