Утрински Весник
Македонија

МВР: Се поништува јавниот конкурс за избор на правно лице за добивање лиценца за испитен центар Велес

Policija.jpg

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека врз основа на Решение бр. 08-14488/1 од 22.01.2026 година, донесено од министерот за внатрешни работи, Јавниот конкурс за избор на правно лице за добивање лиценца за испитен центар Велес, се поништува.

Јавниот конкурс се поништува поради потребата од дополнително усогласување на временската динамика и процедурите поврзани со доставувањето на барањата и документацијата за исполнетост на условите за вршење на работите на испитен центар.

Со ова се обезбедува целосна правна прецизност, еднаков пристап на сите заинтересирани правни лица и непречено спроведување на постапката. По извршените усогласувања, јавноста ќе биде дополнително информирана за повторно објавување на конкурсот.

Можете да прочитате

Со вкрстено испитување на сведок од ФЗО продолжи судењето за „Онкологија 2“ – тврди дека Фондот нема надлежност за финансиски контроли во УКРО

Мицевски: СДС и ДУИ застанаа против проектот „Безбеден град“

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени