Утрински Весник
Скопје

МВР: Санкциониран возачот кој непрописно паркирал во Дебар Маало – возилото не било на полицаец

Fb img 1743762537688.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во врска со случајот од синоќа кога возило со скопски регистарски ознаки беше паркирано непрописно во скопско Дебар Маало, МВР ја информира јавноста:

Санкциониран возачот кој непрописно го паркирал возилото во скопско Дебар Маало, внатрешната контрола при МВР го испитува случајот.


Во врска со видеото на социјалните мрежи на кое се гледа непрописно паркирано возило со скопски регистарски ознаки на територија на Дебар Маало во Скопје, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека конкретниот настан се случил на 22.03.2025. Имено, возилото е подигнато од страна на ПОЦ, а од страна на СВР Скопје преземени се мерки по член 63 став 6 од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и на возачот на возилото С.К. издаден му е платен налог.

Исто така ве информираме дека предметното возилото не е на полициски службеник.

Во врска со постапувањето пак на полициските службеници при подигнувањето на возилото, веќе постапува Одделот за внатрешната контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и по завршување на целокупната постапка соодветно ќе ја известиме јавноста.

Можете да прочитате

Инспекциски надзори во „Титан – Усје“ во 2025 година не утврдија неправилности

По 5.000 денари за секое новороденче во Општина Бутел

Муамер Сефери е новиот в.д. директор на ЈП „Паркови и зеленило“