Утрински Весник
Свет

МВР на Русија: Сторителите на масакрот во Москва се странски државјани

Picture 1112 660x481 1.jpg

Четворица од осомничените за вооружениот терористички напад врз посетителите во концертната сала „Крокус сити хол“, во предградието на Москва се странски државјани, соопшти денеска руското Министерство за внатрешни работи.

„Сите осомничени, кои се уапсени, се странски државјани, се наведува во соопштението, но во него не се прециизра нивната националност.

Руските медиуми и еден неименуван руски пратеник кажаа дека некои од осомничените се од Таџикистан, централноазиска држава која се граничи со Авганистан а во која е активна Исламска држава, органзиацијата која ја презеде одговорноста за синоќешниот напад во кој се убиени најмалку 143 лица.

Можете да прочитате

Откриена иранска мрежа која ги таргетирала израелските функционери и средства низ целиот свет

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД

Украина потврди дека со дрон погодила руска рафинерија во близина на Црното Море