Утрински Весник
Македонија

МВР: Лажни се пријавите за бомби во скопските училишта

МВР: Лажни се пријавите за бомби во скопските училишта
Dik 300x250 mk

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (две основни училишта и 14 средни училишта), по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

dobivaj vesti na viber

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопшти МВР.

Минатата недела дојави за бомби имаше и во основни училишта, хотели, аеродромот во Скопје. Ова е веќе трет месец во кој училиштата, а и други институции добиваат закани за поставени бомби.

Можете да прочитате

Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании

Велосипедистот кој беше усмртен денеска во Скопје е познат директор

Турција и Балканот: стабилност, а не закана