Утрински Весник
Македонија

МВР го пронајде возачот кој леташе со 293 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија

616015800 1188189486824910 6107892502074169390 n.jpg

Министерството за внатрешни работи, Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај веднаш презеде соодветни оперативни мерки и активности по објавено видео на социјалните мрежи на кое се гледа лице кое управува патничко моторно возило со брзина од 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино, каде максимално дозволената брзина е 120 км/ч.

По преземените дејствија, лицето кое го управувало возилото беше идентификувано, пронајдено и повикано. Во врска со настанот, лицето А.Д. (36) од село Елово, скопско е санкциониран согласно законските одредби.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зачувување на безбедноста на сите граѓани.

Можете да прочитате

Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пат ќе порасне потреба од електрична енергија, Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси

Труења кучиња во Неготино, загриженост изрази и градоначалничката

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите