Утрински Весник
Македонија

МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете

Mk Check Think Report Campaign Visual Child 1080x1080 1.jpg

„Проверете. Размислете. Пријавете.” Кампањата ќе биде активна во 16 држави на 14 јазици по повод Меѓународниот ден на исчезнати деца.

Министерството за Внатрешни работи на Република Северна Македонија во почетокот на 2024 година потпиша Меморандум за разбирање со Фондацијата Амбер Алерт Европа и со тоа и нашето Министерство и држава се дел од ова кампања и систем за случаи поврзани со исчезнати деца.

За Меѓународниот ден на исчезнати деца, Амбер Алерт Европа, Европскиот центар за исчезнати деца почна со кампањата „Проверете. Размислете. Пријавете”. Оваа иницијатива, насочена кон родителите и негувателите, овозможува сеопфатни совети „чекор-по-чекор” што да прават во случај на исчезнато дете.

Кампањата ќе почне заеднички во 16 земји, од министерствата за внатрешни работи, националните полиции и водечките непрофитни организации посветени на заштита на децата. Името на кампањата го дефинира нејзиниот основен совет: „Проверете” за да го потврдите отсуството на детето. „Размислете” за да се потсетите на најважните детали и да ја процените ситуацијата и „Пријавете” за да ги алармирате надлежните итно.

Годишно, илјадници семејства ширум  светот ја доживуваат траумата од исчезнато дете. Во такви моменти, информираноста какви чекори да се преземат е многу важна.

Препознавајќи ја оваа потреба, Амбер Алерт Европа соработуваше со експерти од областа на исчезнати личности за да ја развие кампањата „Проверете. Размислете. Пријавете”.

„Секоја година, 300.000 деца исчезнуваат во Европа. Кампањата „Проверете. Размислете. Пријавете” е клучна пресвртница во нашите постојани напори да ги заштитиме децата и да ги поддржиме семејствата во време на такви кризни ситуации,” вели Френк Хоен, претседател и основач на Амбер Алерт Европа. „Нашата цел е да го подобриме времето на реакција и да ги зголемиме шансите за безбедно и брзо повторно обединување на исчезнатите деца со нивните сакани и најблиски.”

Кампањата „Проверете. Размислете. Пријавате” ќе биде споделена во Албанија, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешката Република, Италија, Литванија, Малта, Холандија, Република Северна Македонија, Полска, Португалија, Словенија, Шпанија и Обединетото Кралство.

Повеќе информации за кампањата и совети за реагирање во случај на исчезнато дете погледнете на овој линк

Амбер Алерт Европа,  Европски центар за исчезнати деца е фондација која се стреми да ја унапреди заштитата на исчезнати деца и да превенира исчезнување на деца преку нивна едукација и создавање свест за темата на исчезнати деца и основните причини за нивно исчезнување. Амбер Алерт Европа поврзува експерти од над 45 владини организации, попрецизно министерства за внатрешни работи и полиции и невладини организации од 28 земји со крајна мисија нула исчезнати деца во Европа.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег