Утрински Весник
Скопје

МВР ја истражува церемонијата на осветување на новите полициски возила

Mvr.webp.webp

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи започна истрага за околностите поврзани со фотографиите на кои се гледа верски ритуал извршен врз службени полициски возила во кругот на МВР. Од Министерството соопштија дека по завршувањето на постапката, јавноста ќе биде информирана за утврдените факти.

Фотографиите што неодамна се појавија на социјалните мрежи прикажуваат свештеник кој осветува полициски возила, а покрај него се наоѓаат полициски службеници. Станува збор за нови 120 службени возила на МВР, кои беа промовирани кон крајот на минатиот месец.

Можете да прочитате

Без вода денеска корисниците на улицата Столтенбергова и потегот до „Маракана“

Бесплатен аеробик за пензионерите во Општина Аеродром

„Шест години Лајка-не славиме бројка, славиме промена“