Утрински Весник
Македонија

Муртезани: Отворен Балкан не е наш приоритет, фокусот е на Берлинскиот процес

Orhan Murtezani Foto.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во интервју за 24инфо, министерот за европски прашања Орхан Муртезани истакна дека иницијативата Отворен Балкан не претставува стратешки интерес за Северна Македонија и не е приоритет за ВЛЕН како коалициски партнер во Владата.

„Овој проект го затекнавме како наследство од претходната влада, со бројни отворени прашања околу неговата суштинска вредност и вистинските придобивки за граѓаните. Наместо тоа, нашата цел е фокусирање на Берлинскиот процес како единствена рамка за регионална соработка, усогласена со европските стандарди и перспективи,“ нагласи Муртезани.


Тој подвлече дека европската интеграција и продлабочената соработка со ЕУ остануваат единствениот вистински пат за економски развој и стабилност на регионот.

Целосното интервју на следниот ЛИНК

Можете да прочитате

Возрасен маж од гостиварско загинал откако се превртел со тракторот

Силјановска-Давкова дома, а каде другите македонски политичарки ќе ја пречекаат новата година?

Калајџиев: Ако е празен буџетот, да ви дадам на заем?!