Утрински Весник
Спорт

Мурињо сака на „Стемфорд Бриџ“? Договорите не се најважни, вели „специјалниот“

Мурињо сака на „Стемфорд Бриџ“? Договорите не се најважни, вели „специјалниот“

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ги зголеми шпекулациите дека по третпат во својата кариера ќе седне на клупата на Челси, откако изјави дека „договоритене се најважни“ по отказот кој го доби Греем Потер на „Стемфорд Бриџ“.

dobivaj vesti na viber

Кога беше запрашан дали сигурно ќе ја заврши и последната сезона од договорот со Рома, тој даде интересен договор.

„Не зборувам за мојата иднина со пријателите, но и со новинарите. Нашиот генерален директор Берарди пред неколку месеци изјави дека ќе останам, но тоа е негова интерпретација. Од аспектот на договорот, имам уште една година, но договорите понекогаш не с најважната работа“, вели Мурињо.

Португалскиот тренер лани успеа да ја донесе првата европска титула на Рома, трофејот од новата Конференциска лига, а оваа сезона се во трка за топ 4 пласман во Серија А и во четврт-финалетео на Лига Европа. Мурињо со Челси освои три титули од Премиерлигата, еден ФА куп и три Лига куп трофеи.

Можете да прочитате

Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 400 победи на грен слем турнирите

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен

АО: Тиен со совлада Медведев за прво грен слем четвртфинале