Утрински Весник
Спорт

Мурињо: Кој може да каже дека го тренирал Меси? Тоа е апсурдно!

Murino mesi.jpg

Жозе Мурињо (61) е без работа откако Рома го отпушти кон средината на јануари годинава. Славниот португалски тренер бара нова средина, а во меѓувреме гостуваше во подкастот на Јутјубер Ом. Меѓу другото, тој откри кој играч би сакал да го тренира.

“Лионел Меси е пример. Не треба да биде тренер. Кој може да каже: „Јас бев тренер на Меси?“ За мене тоа е апсурдно бидејќи тој знае се и е роден со се. Можеби може да ги научи другите нешто. Би сакал да го тренирам само за да имам чест да се пофалам со тоа“, одговори Мурињо и додаде дека сака да биде тренер и Даниеле Де. Роси кој успеа како тренер во Рома и Франческо Тоти.

Да потсетиме, Меси (36) моментално настапува за Интер Мајами, американски клуб кој се натпреварува во МЛС и чиј тренер е Аргентинецот Херардо Мартино. Мурињо, пак, е еден од најголемите тренери досега, а ги водеше Бенфика, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома.

Можете да прочитате

Јамал можно е да има скината тетива, најверојатно сезоната за него е завршена

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум