Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, предизвикал ште еден скандал. Трофејниот тренер уличарски се однесувал на натпреварот на У-14 екипите на Рома и Лацио.
Мурињо не престанува да ги полни страниците на италијанскиот печат. Откако во вторникот, направи хаос и доби црвен картон во Кремона, на натпреварот против Кремонезе кој Рома го загуби со 2:1, ден подоцна скандалозно се однесувал на натпреварот на младите тимови, фудбалери до 14 години, помеѓу Рома и Лацио.
Лацио во еден момент доби пенал. Тука на сцена стапува Мурињо, го исвиркувал и му дофрлал на момчето кое се подготвувало да го изведе пеналот. Потоа ги советувал младите играчи на Рома како да крадат од времето.
Таквото однесување на Мурињо предизвикало реакција од тренерот на Лацио.
„Вака не се станува тренер“, му рекол на Мурињо, Тобија Асума.
Лацио поднесе жалба на однесувањето на 60. годишниот стручњак. Тоа би можело да му донесе уште една казна на Португалецот. Поради црвениот картон против Кремонезе, Мурињо мора да плати 10.000 евра и два натпревари да биде надвор од фудбалските терени.
Жозе Мурињо во досегашниот тек од сезоната три пати бил исклучен.