Утрински Весник
Спорт

Мукоку им порача на „милионерите“: Седум милиони евра годишна плата или заминувам

Мукоку им порача на „милионерите“: Седум милиони евра годишна плата или заминувам

Чудо од дете на Борусија Дортмунд 18. годишниот напаѓач Јусуфа Мукоко, одби да го продолжи договорот со германскиот клуб, што значи дека европските гиганти можат да ја започнат трката за неговиот потпис.

dobivaj vesti na viber

Мукоко има договор со Борусија Дортмунд само до крајот на тековната сезона, а според „Трансфермаркт“, тој вреди 30 милиони евра.

Моукоко моментално игра за 1,8 милиони евра годишно, а клубот нуди зголемување на неговата плата на шест милиони по сезона. Младиот напаѓач ја одбил оваа понуда.

Неговите менаџери се обидуваат да му издејствуваат поголема плата од понудената и им порачале на челниците на Дортмунд, дека Мукоко ќе го напушти клубот доколку не добие годишна плата од најмалку седум милиони.

Мукоко може да почне да преговара со заинтересираните клубови во јануари, без да го извести Дортмунд. Заинтересирани се Челзи и Барселона, а наводно Барселона веќе почнала да работи на неговиот трансфер како слободен играч следното лето. Мукоко оваа сезона одигра 14 лигашки натпревари за Борусија (Д). Постигна шест и асистираше за четири гола.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ