Утрински Весник
Македонија

Муцунски во САД се сретна со високи претставници на Стејт департментот

Муцунски во САД се сретна со високи претставници на Стејт департментот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски престојува во работна посета на САД, каде имаше работна средба со високи претставници на Стејт департментот.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на средбата со Стивен Џи, Директор во Директоратот за Јужно – Централна Европа и Бенсон Сивек, офицер кој е одговорен за Македонија, беа потврдени одличните билатерални односи помеѓу нашата држава и САД кои неопходно е во иднина да продолжат да се надградуваат во духот на стратешкото партнерство помеѓу двете земји.

Муцунски уште еднаш ја потврди заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за итни и темелни реформи во правосудниот систем, но и забрзан економски развој кои ќе бидат одговор на високото ниво на криминал и корупција и тешката економска состојба во државата.

Во рамки на посетата на САД, Муцунски во следните неколку денови ќе оствари средби со членови на Конгресот, високи претставници на меѓународните организации и ќе присуствува на Националниот молитвен појадок кој ќе се одржи утре во Вашингтон.

Можете да прочитате

Поставена новогодишна елка во Охридското езеро

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух

Македонија вечерва меѓу најзагадените во светот