Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Mucunski.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска категорично демантираше дека постои каков било договор за прифаќање мигранти.

-Сакам да бидам кристално јасен: оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти – во каква било форма. Нема договори, нема преговори, нема квоти, нема центри, нема транзитни аранжмани. Таква иницијатива ниту е разгледувана, ниту постои политичка намера во таа насока. Сето тоа е апсолутна невистина – објави Муцунски на својата официјална Фејсбук страница.

Тој натаму наведува дека Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и оти гради партнерства што носат конкретни придобивки за секое семејство, за секоја општина и за државата како целина.

-Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство се темели на меѓусебно почитување и доверба, како и на соработка во политиката, економијата и безбедноста. Тоа значи реални иницијативи и проекти што го забрзуваат економскиот развој, отвораат работни места и носат опипливи придобивки за граѓаните – а не сценарија измислени за дневнополитички потреби – нагласува Муцунски.

Тој потенцира дека темата за наводно прифаќање мигранти претставува „класичен дневнополитички обид за дефокус – последица на драматично нискиот рејтинг и безидејноста во која СДСМ е заглавен подолг период“.

-Крајно неодговорно е да се одржуваат прес-конференции врз основа на сензационалистички, непроверени и неточни информации, со што намерно се создава лажна перцепција во јавноста и, заради партиски интерес, се злоупотребуваат чувствителни теми – заклучува Муцунски.

Можете да прочитате

Големо празнично отворање: Ѓорѓиевски ги повикува граѓаните на заедничко осветлување

„Безбеден град“ се одложува – Новиот датум за старт е 1 февруари 2026

Општински и градски служби најавуваат затворање, организаторите тврдат – нема затворање на Зимзоленд!?