Утрински Весник
Македонија

Муцунски на увид во градежни активности: Инвестиции за подобар живот на граѓаните во Општина Аеродром

Муцунски на увид во градежни активности: Инвестиции за подобар живот на граѓаните во Општина Аеродром

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска изврши увид во градежните активности кои во последниот месец од годината се реализираат во Стар Аеродром каде жителите досега се соочуваа со проблеми во урбаното живеење, недостаток на паркинг места, небезбедни пешачки зони, мал капацитет за собирање и одложување отпад, како и метеж во сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

„Нашата цел е преку оваа градежна офанзива и преку реализацијата на низа проекти да создадеме соодветни услови за живот во овој дел од општината. Со градежните активности што ќе се имплементираат во наредниот период, Стар Аеродром ќе прерасне во поубаво и поквалитетно место за живење. Граѓаните ќе добијат стотина нови паркинг места, нови улици и пешачки патеки, како и детска градинка што овој месец ќе биде пуштена во употреба. Истовремено, наскоро ќе биде асфалтиран и завршен и паркингот зад Мајчин дом”, истакна градоначалникот Муцунски при посета.

Тој додаде дека ова се само дел од инвестициите кои тековно се започнати во општината, а кои согласно со визијата за поубав и посреден Аеродром со засилен интензитет ќе продолжат и следната година, при што најави дека во буџетот за 2023 година планирани се голем број инфраструктурни проекти и капитални инвестиции.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ најверојатно нема да има свои кандидати за градоначалници во Западна Македонија

СДСМ: Тошковски да го повлече скандалозниот Закон за полиција, нема место за партиска милиција по теркот на Груевски

ЦУК: Активни се шест пожари