Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Најголемиот верски празник – Велигден заедно со македонската дијаспора во САД

1 2.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека заедно со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави го одбележал најголемиот христијански празник – Велигден.

„Попладнево, заедно со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави, го одбележавме најголемиот христијански празник – Велигден, празник на надежта, верата и заедништвото”, напиша Муцунски.


Тој информираше дека заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ги посетиле црквите „Св. Никола” во Тотова, Њу Џерси и „Св. Кирил и Методиј” во Сајдер Гроув, Њу Џерси.

Муцунски посочи дека присуството меѓу иселениците на овој голем празник претставува силна порака за поврзаноста со дијаспората, како и поддршка за нејзините напори за зачувување на верата, традицијата и македонскиот идентитет.

Во објавата, министерот го честиташе празникот со пораката: „Христос воскресе! Честит Велигден!”

Можете да прочитате

Пијан и со забрана за возење прегазил пешак во Неготинско

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави 

ДОАЃА СИЛЕН ЕЛ НИЊО: Пред нас е многу жешко лето со суперќелијски бури