Утрински Весник
Македонија

Муцунски и Трипуновски на средби за земјоделски реформи и рурален развој во Брисел

4.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер.

Во разговорите стана збор за соработката и реформите во областа на земјоделството и руралниот развој, спроведувањето на ИПАРД III програмата, како и за зајакнувањето на институционалните и административните капацитети на државата.


Воедно, министерот Муцунски оствари и конструктивни средби со пратеници во Европскиот парламент – Карло Реслер, Дан Барна, Тијс Ројтен, Матеј Тонин и Ирена Јовева.

На средбите стана збор за клучните надворешнополитички приоритети, реформските процеси и актуелните регионални прашања. Беа разменети мислења за европската перспектива и динамиката на пристапниот процес на државата и регионот, при што беше нагласено значењето од обезбедување доследна и кредибилна поддршка за политиката на проширување во услови на актуелните геополитички предизвици.

Посебен акцент беше ставен на перспективите за проширување на Европската Унија кон Западен Балкан, поддршката од Европскиот парламент за забрзување на пристапниот процес, како и на неговата улога во целокупниот процес на европска интеграција.

Дополнително, на средбата со европратеничката Јовева, стана збор за евроинтеграцискиот процес на државата, при што министерот изрази искрена благодарност за принципиелната поддршка на овој пат.

Можете да прочитате

Милановиќ: Членството во ЕУ е „декорација“, Македонија е држава, а тоа е најмногу што може да се има

Кривична за четворица битолчани поради предизвикување на омраза врз различни основи

Став на Партијата на пензионери за цените на лековите и кризата со енергенси