Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Ќе го истражиме работењето на дипломатите во изминатиот период и ќе воспоставиме мрежа на стручни дипломати кои се грижат за интересите на државата

1000001030 1.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија вечерва гостуваше во емисијата „Само Интервју” каде говореше за актуелни теми кои се од клучно значење, вклучувајќи ја работата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, дипломатијата, меѓународната политика и евроинтеграциите.

Министерот Муцунски во интервјуто уште еднаш потенцираше дека господинот Љубомир Фрчкоски, кој ја претставува државата во Обединетите Нации, е повикан на консултации во Министерството и истакна дека целиот процес ќе трае најмалку уште еден месец.

„Навистина бев загрижен во делот на финансиско – материјално и дипломатско работење на тоа Дипломатско конзуларно претставништво. Не може да се случува да има сериозни индиции за недостаток на финансиски средства и исто не може ниту еден претставник на државата да не ги почитува правилата за располагање со државните средства”, нагласи Муцунски.

Toj потенцираше дека фактите поврзани со овој случај биле застрашувачки, притоа отфрлајќи каква било идеолошка причина за повикувањето на амбасадорот Фрчкоски.

„Недостатокот на илјадници евра е ноторен факт, а доколку не преземам какви било мерки и јас ќе бидам подложен на одговорност”, додаде министерот Муцунски на оваа тема.

Говорејќи за амбасадорот во Италија, тој потенцираше дека во тој случај има индиции за несоодветно дипломатско постапување.

Муцунски информираше и дека од страна на министер во една земја добил информации за несоодветно постапување на уште еден амбасадор и додаде дека тие информации дополнително ќе бидат испитани и истражени.

„Тоа што било запоставено во изминатите години ќе биде поправено во следниот и сите недостатоци во функционирањето на дипломатската мрежа ќе бидат надминати со поставување на квалитетни лица кои го сакаат најдобро за својата држава”, додаде Муцунски.

Во интервјуто тој информираше и за повикувањето на македонскиот амбасадор во Албанија, за кој рече дека објективниот впечаток е дека „вината е во Скопје” и поради тоа тој ќе биде вратен во Тирана да го доврши својот мандат, потенцирајќи дека грешката е во ненавременото постапување од страна на претходното раководство на МНР кое не преземало мерки за надминување на проблемите.

Можете да прочитате

Николовски: Царинската управа ги затегна чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите 

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина врз СДСМ

Врнежи од снег во неколку градови и на планините, забрана за тешки возила на Стража и на патот Маврово -Дебар