Утрински Весник
Македонија

Му дале овци да ги чува, тој ги продал и заработил милион денари – кривична против овчар од Куманово

Ovci.webp.webp

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 62-годишниот Д.Ј. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, извести МВР.

„Пријавениот, кој бил ангажиран како овчар од Г.А., во период од 16.06.2024 до 18.06.2024 година со товарно возило во с.Алгуња, натоварил 127 овци, кои ги продавал во Скопје и Тетово, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари“, соопшти МВР.

Можете да прочитате

Д-р Димитриевска: Модерните уреди електронските цигари се поштетни од цигарите

Јотова: До јуни да се реши прашањето ако Македонија сака ЕУ

Мицкоски: Заедничката изјава со Белата куќа за Договорот за трговија со САД е историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава