Утрински Весник
Македонија

МТСП: Склучени договорите за финансирање на социјалните услуги со лиценцираните даватели на услуги

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Развојот и подобрувањето на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно потребите на граѓаните и зголемување на пристапноста и достапноста на социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, децата и лицата со попреченост, децата во ризик и децата без родителска грижа, жртви на семејно и родово базирано насилство и жртви на трговија со луѓе и други деца и лица се врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика.

dobivaj vesti na viber

Денеска покажуваме дека СЕ ГРИЖИМЕ за потребите на сите граѓани кои имаат потреба од поддршка преку склучување на договори за финансирање на социјалните услуги со лиценцираните даватели за услугите: до домот – лична асистенција и помош и нега во домот, услуги во заедницата – дневни центри за деца со попреченост, дневни центри за деца во ризик, услуги на вон семејна заштита – живеење со поддршка за лица со попреченост, центар за социјална рехабилитација на лица кои злоупотребуваат дрога, центар за поддршка на загрижувачки семејства

Посветеноста за достапни и квалитетни услуги ја потврдуваме со Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2023 година, односно за социјални услуги се обезбедени дополнителни 5.5 милиони евра повеќе од 2022 година, односно вкупно 7.8 милиони евра.

Можете да прочитате

Возачите преку апликација најдоа начин како да ги избегнат казните

Раководството и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки, СДСМ внесува нова енергија

Филипче: Дали сум јас патриот кој ја сака Македонија во ЕУ и богата или ДПМНЕ што ја сака изолирана и сиромашна?