Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

МРТ: Поради сериозен технички проблем вчера не можеа да се емитуваат телевизиските дневници – се проверува дали станува збор за намерен упад

Mrt mrtv.jpg
300x250 opst2

Поради сериозен технички проблем Македонската радиотелевизија (МРТ) вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17, во 19,30 и во 22,30 часот, информираат од оттаму. Овој инцидент се случува на само неколку дена пред гласањето на локалните избори, што е изјаснување со голем политички влог.

„Се врши проверка дали се работи за намерен упад во мрежниот систем, поради постоечките сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија. Во расветлувањето на случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции. Јавниот сервис им се извинува на граѓаните за неможноста да ги следат централните информативни изданија на нашата програма. Македонската радио-телевизија ќе продолжи да известува навремено и објективно, во интерес на јавноста“, наведено е во соопштението од МРТ.


Наместо вестите вчера на МТВ се емитуваше кулинарска емисија. По вестите беше најавено во програмата дека ќе има соочување на кандидатите за градоначалници на локалните избори 2025 со наслов „Локални избори 2025 – изборни соочувања“, но наместо тоа, беше емитуван филмот „Дами во боја на лаванда“ закажан за од 23 часот.

Можете да прочитате

Алиу: Болницата во Прилеп доби нова медицинска опрема во вредност над 50 милиони денари, во тек е и постапка за вработување 124 лица на неопределено време

Маж од тетовско го нападнал сопствениот брат пред џамија поради долг

ВЛЕН: Ниту една “експертиза“ не може да го измие политичкиот срам во Кичево