Утрински Весник
Македонија

Моторџија загина во сообраќајќа во Скопје

1719740692 Motor.jpg

Во саботата, во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„518“, ул. „516“ и бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со холандски национални ознаки, управувано од Б.С.(43) од Холандија и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(50) од Скопје.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што подоцна починал.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Можете да прочитате

Муцунски се сретна со Кос

Македонската амбасада го одби, словенечкиот парламент го прими на пракса Mакедонецот Трајковски

(Видео) Мечка со мали мечиња забележана на Шар Планина