Утрински Весник
Македонија

Мотоциклист тешко повреден во кавадаречко

Pomosh.webp.webp

Мотоциклист бил тешко повреден денеска во сообраќајна незгода во кавадаречко, информираа попладнево од СВР Велес.  

– Денеска во 12.20 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-место викано „Мушов гроб”, на излез од село Ваташа, кавадаречко, мотоцикл ,,хамачи” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од П.С.(48) село Ваташа, излетал од коловозот, соопштија од СВР Велес. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Можете да прочитате

Пожар во стан во Скопје, еден пожарникар пренесен во блоница

МВР уапси 16 лица затоа што кај нив била најдена дрога

СДСМ: Македонскиот идентитет е зачуван – Мицкоски е незадоволен затоа што му ја одзедоа лагата