Утрински Весник
Македонија

Mостот помеѓу Горно и Долно Лисиче отворен само за лесни возила, поплавен салон за мебел на булевар „Борис Трајковски“

Cuk 396759 399441 414855.jpg

Во последните 24 часа имало вкупно 1 766 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК , од коишто „реални“ повици биле 61,55 %, а 38,45 % биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 59,62 %, кон Итната медицинска помош 31,44 %, кон пожарникарите 3,79 %, а кон АМСМ 0,27 % од реалните повици кон 112 во ЦУК. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Состојба со интензивните врнежи од дожд:


Поради излевањето на Маркова Река, се поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и Горно Лисиче. До 10.00 часот, состојбата е стабилизирана со намалено ниво на вода, а ЈКП Комунална интервенирала со чистење на речното корито. Мостот кај Љубош бил привремено затворен, но до 11:15 е пуштен за сообраќај по контрола, со планови за дополнително зацврстување.

Општина Аеродром: Пријавени поплавен магацин и оштетен коловоз на Булевар „Кузман Јосифовски-Питу“. Мостот меѓу Горно и Долно Лисиче е отворен само за лесни возила.

Општина Кисела Вода: Оштетени 110 пчелни семејства и сандаци кај Сепарација, поплавен мебелски салон на Булевар „Борис Трајковски“, и нанос на дрвена маса во каналите кај Драчево.

Општина Студеничани: Продолжени пријави за поплавени објекти во Батинци, вклучувајќи оштетен магацин.

Општина Чучер Сандево: Реката кај мостот кон Kучевиште не претставува опасност по проверкатa.

Можете да прочитате

Прекината седницата на Советот на Град Скопје на која се очекуваше да се расправа за дивоградбите во Чаир

Како да добиете до 10.000 евра за вработување или почнување на бизнис, објаснети детали од Влада

Зголемен број на заминувања на медицински персонал во Германија – каде греши системот?