Утрински Весник
Скопје

Мостот Беласица повторно се затвора – Ова е причината

Belasica.png

Утре од 6 до 18 часот поради снимање на дел од улицата на мостот Беласица во Скопје ќе има периодичен прекин на сообраќајот, соопшти СВР Скопје.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.

Сообраќајот на ул.Беласица (мост Беласица) периодично ќе се затвора на потегот од крстосница со улицата Ѓуро Ѓоновиќ до крстосница со булевар Гоце Делчев во Скопје и ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Можете да прочитате

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради атлетска трка

Герасимовски на PARkon 2026 во Белград: Со размена на искуства до подобри решенија за паркирањето

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – започна целосната реконструкција на „Бутелска“ и „Радишанска“