Утрински Весник
Свет

Москва со протестна нота до Лондон, демонстрантите со порака до амбасадорката: „Британија е терористичка држава“

Москва со протестна нота до Лондон, демонстрантите со порака до амбасадорката: „Британија е терористичка држава“
Dik 300x250 mk

Властите на Руската Федерација упатија протестна нота до Велика Британија поради неодамнешниот напад на руската Црноморска флота во Севастопол.

dobivaj vesti na viber

Амбасадорката на Велика Британија во Москва, Дебора Бронерт, утрово беше поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, а пред зградата ја пречека група руски демонстранти, кои носеа транспарент на кој пишуваше „Велика Британија е терористичка земја“.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, вчера изјави дека вооружените сили на Украина на 29 октомври извршиле напади со беспилотни летала на бродови и инфраструктура на руската Црноморска флота во Севастопол.

„Овие напади ги изврши Киев под водство на британски експерти. Во овој контекст британскиот амбасадор во блиска иднина ќе биде поканет во Министерството за надворешни работи на Русија“, рече Захарова.

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија