Утрински Весник
Свет

Москва се подготвува за погребот на Навални

Alekse Navalni.jpg

Москва се подготвува за погребот на рускиот опозиционен лидер Алексеј Навални кој почина пред две недели во еден од најсуровите руски затвор. Неговите соработници предупредуваат дека за време на погребната церемонија не е исклучена можноста да се случат апсења и провокации. Портпаролката на Навални, Кира Џармиш, за мрежата X соопшти дека церемонијата треба да започне во 14:00 часот по локално време (12:00 часот по средноевропско време) во Црквата на иконата на Мајката Богородица во московскиот кварт Марино, каде некогаш живеел најголемиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин. Во близина на гробиштата Борисовскоје на периферијата на Москва и блиската метро станица од утрово дежураат полициски патроли. На улични столбови околу местото на настанат се поставени надзорни камери, а подготвени се и метални огради, јавува рускиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), повикувајќи се на RusNews. Освен мајката на Навални, засега не е познато на кого ќе му биде дозволено да присуствува на церемониите. Тимот на Навални ги охрабруваше луѓето да присуствуваат на погребот и сподели мапа на маршрутата меѓу двете локации. Исто така објави листа на местата низ светот каде што денеска ќе може да му се оддаде почит на Навални, од Сеул, преку Рим и Стокхолм, до Монтреал.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме