Утрински Весник
Свет

Москва: Напади врз воени цели во Киев, Лвов и пет други региони

Kievnapad.jpg

Руските сили започнаа масовен воздушен напад преку ноќ, погодувајќи аеродроми, воени телекомуникациски и логистички центри во Киев, Лавов и пет други украински региони, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Руските вооружени сили започнаа масовен напад користејќи прецизно оружје со долг дострел од копно, воздух и море, како и борбени беспилотни летала, напаѓајќи воени аеродроми, претпријатија од воено-индустрискиот комплекс и воени телекомуникациски и логистички центри во Украина во градовите Киев и Лавов, како и во регионите Ивано-Франкивск, Житомир, Ривно, Виница и Дњепропетровск“, се вели во соопштението, според Тасс .

Се додава дека гореспоменатите центри се занимаваат со производство, складирање и испорака на разни ракетни оружја и беспилотни летала, како и со одржување на системи за следење на воздушната ситуација.

Претходно денес, украинските власти објавија дека најмалку девет лица се убиени, а десет се повредени во руските напади во Украина синоќа, објави Укринформ .

Можете да прочитате

Неидентификуван објект падна во Полска и предизвика силна експлозија

Италија усвои закон со кој на илјадници затвореници кои се зависници им се овозможува да ја издржуваат казната дома

Руска новинарка осудена на 12 години затвор под обвинение за предавство на државата