Утрински Весник
Свет

Москва: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина

Kremlj.webp.webp

Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека европските држави, кои „цврсто тргнаа на патот на милитаризмот“, го загубија правото да учествуваат во преговорите за Украина.

Соопштението уследи по вчера усвоените резолуции за украинската криза усвоени во Генералното собрание на Обединети нации и во Советот за безбедност.


– Дискусиите и гласањата одржани во ОН јасно покажуваат дека светската заедница бара мир. Европејците, кои цврсто се насочија кон милитаризација го загубија правото да учествуваат во преговорите за условите за решавање на украинската криза, сите се сè поизолирани. Видливи се сериозни поместувања во ставовите на глобалното мнозинство, што покажува сè поголем реализам и се обидуваат да придонесат за што побрзо завршување на судирот, се наведува во соопштението од руското МНР.

ГС на ОН вчера усвои резолуција со која се осудува руската инвазија врз Украина и се бара повлекување на руските трупи. Резолуцијата, предложена од Украина и европските земји, доби поддршка од 93 земји, додека 18 беа против, меѓу кои САД и Русија, а 65 земји беа воздржани.

Во исто време, СБ на ОН ја усвои американска резолуција, со која се повикува на брз прекин на конфликтот во Украина, без директно да ја критикува Русија. Оваа резолуција беше донесена со поддршка на Русија и Кина, додека Франција и Велика Британија беа воздржани.

Можете да прочитате

Мистериозна болест во Конго: За 48 часа умираат цели семејства

Макрон: Се надевам дека го убедив Трамп да не започнува трговска војна со ЕУ, туку со Кина

Поради високите цени на јајцата, американците изнајмуваат кокошки