Утрински Весник
Македонија

„Монструми ми ги следат децата“ – Трендафилов бара одземање на имунитетот на пратеничката Стојаноска

Slobodan trendafilov ssm.jpg

На денешната прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов,  побара кривичен прогон за лицата кои ги следеле неговите деца, како и одземање на пратеничкиот имунитет на Дафина Стојановска, која го објави видеото од децата на претседателот на ССМ.

Трендафилов нагласи дека во нормална држава Владата паѓа за ваков случај, дополнително побара од Јавното обвинителство да се покаже дека правдата важи за сите. Претседателот на ССМ го праша министерот Тошковски дали службите го следат него и неговите деца.

Според Трендафилов ова трае повеќе од година.

На прес-конференцијата Трендафилов најави нова блокада од страна на ССМ, овој пат пред зградата на Сојузот на стопански комори.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол