Утрински Весник
Спорт

Монфис ќе го пропушти Австралија опен

Монфис ќе го пропушти Австралија опен
Dik 300x250 mk

Францускиот тенисер Гаел Монфис нема да игра на Австралија Опен. Причината за пропуштањето на првиот гренслем турнир годинава не е повреда на Монфис, туку лична одлука.

dobivaj vesti na viber

Причината е заштитениот ранкинг на АТП листата, бидејќи доколку не настапи на овој турнир ќе може да го користи во иднина. Ова се однесува на рангирањето за тенисерите кои шест месеци се надвор од турнирите, а важи за времето пред повредата.

Монфис пред повредата беше 20. на АТП листата, а сега е на 56. позиција. Тој нема играно од август, па ќе го пропушти и Австралија опен за да го надополни периодот од шест месеци и да може да игра на турнири според својот стар ранкинг.

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс