Утрински Весник
Македонија

МОН: Заедно да ставиме крај на училишното насилство

МОН: Заедно да ставиме крај на училишното насилство

Да градиме мирна и хармонична училишна средина без било какви облици на насилство. Да создадеме амбиент во кој младите ќе се фокусираат исклучиво на вистинските цели на воспитно – образовниот процес, на стекнувањето знаења и вредности кои ќе ги направат да бидат добри луѓе, а насилството воопшто нема да биде тема. Потребна е средина во која ќе преовладува толеранцијата, младите ќе ги почитуваат меѓусебните разлики и нема да гледаат на нив како поводи за конфликти.

dobivaj vesti na viber

Ова се пораките кои МОН ќе ги испрати до сите чинители на образовниот систем преку нова кампања за подигнување на свеста особено кај младите, за важноста на мирот, ненасилно и толерантно однесување во и надвор од училиштата.

„Ќе се обидеме да допреме до сите, до учениците, наставниците и другите вработени во училиштата, родителите и старателите, да укажеме дека важен е придонесот на секој од нас во остварувањето на целта. Неопходно е да се даде предност на вербалниот дијалог помеѓу учениците и на мирното решавање конфликти. Да ја зголемиме свесноста за последиците од евентуално девијантно однесување, кои видовме дека можат да бидат катастрофални“, се наведува во соопштението од МОН.

МОН упатува апел до сите граѓани, доколку биде забележан било каков облик на насилно однесување во училиштата, да биде пријавен на електронската адреса [email protected], односно [email protected], или пак до стручните служби во училиштата, со цел навремено да се реагира и да е спречат посериозни инциденти и последици.

„Само заедно можеме да ставиме крај на училишното насилство“, се потенцира во пораката на Министерството за образование и наука.

Можете да прочитате

Генералниот секретар на СДСМ: Тошковски уште не поднесе оставка?

Левица: Министерството за одбрана лаже, најдобрите кандидати се подло одбиени

Пожар кај Долно Дупени, спасени се неколку куќи