Утрински Весник
Македонија

МОН со поддршка од ЕУ креира нов електронски дневник, кој ќе се применува во второто полугодие

МОН со поддршка од ЕУ креира нов електронски дневник, кој ќе се применува во второто полугодие

Со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија, Министерството за образование и наука изработи нов интегриран систем за електронска работа на училиштата. Во новото софтверско решение интегрирани се сугестиите на наставниците, родителите на учениците и сите институции кои имаат пристап до системот и се очекува досегашните предизвици целосно да бидат надминати.

dobivaj vesti na viber

Првичните тестирања на новиот систем се веќе спроведени, во координација на МОН со Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар и со наставници од училиштата.

Од МОН велат дека паралелно се спроведуваат и обуки за примена на новиот електронски дневник, при што истите досега се посетени од страна на 40 училишни ИТ администратори каде најпрво софтверското решение ќе пилотира, како втора фаза од процесот на тестирање во текот на оваа учебна година. Обуките ќе продолжат во следниот период, со опфат на сите училишни ИТ администратори.

Новиот систем, како што се наведува, ќе биде официјално применет во сите училишта, откако ќе бидат исполнети сите услови предвидени во процесот на тестирање и по миграцијата на податоците од постојниот систем во новиот. Очекувањата се тоа да се случи во текот на второто полугодие на тековната учебна година или на почетокот на следната.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер