Утрински Весник
Македонија

МОН: Исплата за субвенциониран студентски оброк ќе има до крајот на месецот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за продолжување на исплата за студентски оброк

Министерството за образование и наука информира дека исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк ќе има до крајот на тековниот месец. Сите студенти кои ќе го остварат правото, ретроактивно на своите трансакциски сметки ќе добијат парични средства за два и пол месеци, односно за половина септември и за октомври и ноември.

dobivaj vesti na viber

Во моментов, комисија во рамки на Министерството за образование и наука задолжена за проверка дали студентите/апликантите ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, врши компарација на податоците наведени во апликациите и податоците кои ги добивме од другите надлежни институции – УЈП, АВРМ, ФПИОМ, МВР и сите универзитети.

Секој студент/апликант ќе добие решение преку системот преку кој се аплицираше, а веднаш потоа ќе се реализира и исплатата. Информираме дека на повикот кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври