Утрински Весник
Македонија

Момче од Неготино ја растеше косата седум години и сега ја донира за перика за деца болни од рак

20240216093736 big 730x400 99.webp.webp

Момче од Неготино ја растеше косата седум години и сега ја донира за перика за деца болни од рак. Станува збор за 11 – годишниот Марио Стојановски кој е среќен што може да израдува некое дете и да му помогне во моментите на борба со болеста.

– Не ми е жал за косата, затоа што знам дека со ова помагам некому што има потреба од поддршка. А косата, пак ќе ми порасне, вели Стојановски.

Неговите родители се среќни што нивниот син донел една ваква хумана одлука и заеднички со него, посакуваат здравје, љубов и среќа за сите луѓе во светот.

Марио Стојановски е ученик во основното училиште ,,Страшо Пинџур” во Неготино.

Можете да прочитате

Таксист нападнат во Центар, одбил да превезе повеќе лица од дозволеното

Министерот Мисајловски на средби во Пентагон во рамки на стратешкиот дијалог со САД 

Илир Мета му се заблагодари на Александар Николоски за “ставот околу неговото насилно апсење и политичките обвинувања против него“