Вистинска драма се случувала деновиве во основно училиште во Пула, поради однесувањето на еден ученик. Како што пишува „Глас Истре“, според неофицијални информации, во понеделникот на настава дошле само двајца ученици од целото трето одделение со 18 ученици.
„Глас Истре“ пишува дека остатокот од класот не дошол на час поради инцидентот што се случил во училницата во четвртокот, а кој директорот го опишал како „последната капка која ја прелила чашата“.
Наводно, ученик од тој клас, кој и претходно бил проблематичен, ја повредил наставничката и уништил дел од училишниот инвентар, поради што неговиот татко бил повикан да дојде во училиштето.
Но, потоа, таткото наводно почнал даи вика во лице и на наставничката а викал пред другите присутни.
Дека дошло до конфликт во училиштето потврдиле и од истарската ПУ од каде соопштиле дека во четвртокот во 11:30 часот се случил инцидент за што била поднесена пријава против еден родител за сторено дело прекршок од Законот за прекршоци против јавниот Ред и мир.
Полицијата се уште не ги утврдила елементите на злосторството.