Утрински Весник
Спорт

Манчестер Јунајтед влезе во преговори со ПСЖ за трансфер на Нејмар

Манчестер Јунајтед влезе во преговори со ПСЖ за трансфер на Нејмар

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед отпочнал преговори за ангажман на Бразилецот Нејмар од ПСЖ, пишува „Л’Екип“. Според француското издание, челниците на „црвените ѓаволи“ контактирале со раководството на Пари Сен Жермен за да дознаат под кои услови можат да го добијат бразилскиот интернационалец.

dobivaj vesti na viber

Манчестер Јунајтед претпочита да го земе Нејмар на позајмица, но да му ја исплаќа целата плата. ПСЖ, пак, сака да го продаде 31-годишниот напаѓач, кој има 13 гола и 11 асистенции оваа сезона во Лига 1, но моментно е повреден.

Нејмар разговарал со својот сонародник Касемиро, кој со сите сили се труди да го убеди да му се придружи.

Напаѓачот решил да го напушти „Паркот на принцовите“ бидејќи не му се допаѓа што водечката улога во тимот ја добива Килијан Мбапе, а има и проблем со навивачите на клубот.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл