Утрински Весник
Свет

Молдавија воведува 60-дневна вонредна состојба поради енергетската криза

20241213073020 Big 730x400 11 1.webp.webp

Парламентот на Молдавија одобри воведување вонредна состојба поради енергетската криза во земјата на 60 дена, почнувајќи од 16 декември, изјави претседателот на парламентот Игор Гросу. Потегот е преземен поради очекуваниот прекин на испораките на руски гас од 1 јануари

Молдавската Влада на седницата во средата ја одобри потребата од воведување вонредна состојба, објави премиерот Дорин Речан, кој привремено ја извршува функцијата министер за енергетика.


„Предлог-одлуката за воведување вонредна состојба беше усвоена со 56 гласа од пратениците (од 101 во Парламентот)“, изјави Гросу на парламентарната седница.

Прогласувањето вонредна состојба и овозможува на владата брзо да реагира и да го ограничи извозот на енергија.

Молдавија добива руски природен гас преку Украина, која веќе соопшти дека нема да го продолжи договорот за транзит на руски гас со рускиот гасен гигант Газпром. Договорот истекува на 31 декември

Можете да прочитате

Во петок ќе се знае кој ќе биде следниот Папа

Кралот Чарлс и украински војници присуствуваа на парадата за Денот на победата во Лондон

Телефонски разговор на Трамп и Ердоган