Утрински Весник
Балкан

МОЛ купува 56,15 проценти од НИС

Nis.jpg

Групацијата МОЛ ги потпиша главните одредби од обврзувачкиот рамковен договор (Heads of Agreement) со компанијата Газпром Нефт за купување на 56,15 проценти од акциите во српската компанија Нафтна индустрија Србија (НИС), соопшти компанијата МОЛ Србија.

Како што е најавено, Групацијата МОЛ е во преговори со компанијата АДНОК од Обединетите Арапски Емирати, за нејзино влегување во сопственичката структура на НИС како малцински акционер.

По завршувањето на трансакцијата, MOL, како што е наведено, ќе преземе значајни акционерски одговорности и управувачки права во компанијата што управува со единствената рафинерија во Србија, што дополнително ќе го зајакне нејзиното присуство на енергетскиот пазар во Централна и Југоисточна Европа, се вели во соопштението.

Покрај рафинеријата за нафта во Панчево, НИС поседува и малопродажна мрежа, како и портфолио во областа на истражувањето и производството.

Можете да прочитате

Бугарскиот претседател Румен Радев поднесува оставкa

Инстаграм профили на независни медиуми во Србија се суспендирани

Трамп го поканил Рама да биде дел од „Одборот за мир“ во Газа