Утрински Весник
Свет

Могерини поднесе оставка  – 24info.mk

Federika mogerini.jpg

Федерика Могерини поднесе оставка од функцијата ректор на Колеџот на Европа. Оставката на поранешната висока претставничка на ЕУ следува по информацијата дека е осомничена во истрага за измама во која беа вклучени Колеџот на Европа и Службата за надворешна акција на ЕУ.

– Во согласност со највисоките стандарди на строгост и праведност со кои отсекогаш ги извршував моите должности, денеска одлучив да поднесам оставка од функцијата ректор, изјави Могерини по состанокот на Извршниот одбор на Колеџот.

Изјавата дојде еден ден откако високиот функционер на ЕУ, Стефано Санино, кој е исто така под сомнение, објави дека ќе се пензионира на крајот на декември. Тој е директор на Генералниот директорат на Комисијата за Блискиот Исток, Северна Африка и Заливот. 

Можете да прочитате

Путин: Обидите за сеење раздор во руското општество нема да успеат

Рубио: Понудата на Иран за отворање на Ормуската Теснина е неприфатлива за САД

Мерц: Може да се наложи Украина да прифати загуба на свои територии во име на идно членство во ЕУ