Утрински Весник
Македонија

Модуларните болници да не се фрлаат, ако може да се стават во функција на јавните здравствени институции, вели Таравари

20240920112558 Big 730x400 57.webp.webp
Dik 300x250 mk

Прво треба да добиеме информација во каква состојба се модуларните болници, па потоа ќе видиме дали некои од нив може повторно да се стават во употреба не само кај одредени јавни здравствени институции, туку и кај која било друга администрација, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за набавка на мобилен рентген апарат, Таравари потврди дека за модуларната болница од Инфетктивата клиника има интерес од затворот „Идризово“.

-Не знам во каква состојба се сите модуларни болници, ќе треба да се добие информација и да се види каде може да се распределат за да ги користат барем јавните здравствени институции или некоја која било друга администрација. Значи, треба да знаеме во каква состојба се па да видиме да не се фрлаат, туку ако може неколку да се стават повторно во функција таму каде што треба, не само како амбуланта, туку и за други намени кои би биле од интерес за некои јавни институции. Во Идризово, конкретно, треба да се реновира болницата па размислуваме да донесеме одука на Влада, модулраната болница од Инфективна клиника да се стави комплетно таму, за да не трошиме пари за реновирање на амбулантата. Таму модуларната би служела како амбуланта, и општа и стоматолошка, објасни министерот. 

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат