Утрински Весник
Спорт

Модриќ одбил понуда од 60 милиони евра

Модриќ одбил понуда од 60 милиони евра

Лука Модриќ им рекол на челниците на Реал дека не планира да оди во друг клуб и дека ја одбил понудата од Саудиска Арабија, пренесува новинарот Томаш Гонзалес-Мартин. Капитенот на хрватската репрезентација има договор со Реал до крајот на сезоната и се уште нема добиено понуда за продолжување на соработката.

dobivaj vesti na viber

„Модриќ им кажал на луѓето во клубот дека сака да остане уште една година и дека одбил огромна понуда од Саудиска Арабија. Тие му понудиле 60 милиони евра за двегодишен договор, но тој сака да остане во Реал и да се пензионира во мадридскиот клуб“, тврди. Гонзалес-Мартин.

„Менаџерот на Модриќ пред неколку месеци ги информирал клупските челници дека Модриќ има понуда од Саудиска Арабија. Тоа ги натера Перез и другите да помислат дека Модриќ може да го напушти Мадрид. Сега Модриќ реши лично да им каже на челниците на Реал, без посредник, дека ја одбил понудата од Саудиска Арабија“.

Истиот извор наведува дека 37. годишниот Модриќ има поддршка од семејството и дека сите сакаат да останат во Мадрид.

Модриќ е во Реал од 2012 година и наводно заработува околу 10 милиони евра годишно.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари