Утрински Весник
Магазин

Модна икона: Сопругата на катарскиот шеик 

Модна икона:  Сопругата на катарскиот шеик 
300x250 (7)

Изминативе неколку дена целиот свет зборува за Светското првенство во фудбал, на чие отворање присуствуваше Моза бинт Насер, сопруга на шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, поранешен емир на Катар и мајка на актуелниот емир Тамим бин Хамад Ал Тани.

dobivaj vesti na viber

63-годишната икона на стилот, како што ја нарекуваат странските медиуми, привлече внимание во еднобојна комбинација на „Прада“ – долг бордо фустан од сатен во комбинација со палто во иста боја и традиционален шал карактеристичен за жените во арапскиот свет.

Ss1

Изгледот го дополни со виолетов кармин, блескав брош и ефективен накит. Сето ова го комплетира со бордо салонки и брендирана кожена чанта.

Моза бинт Насер е позната по својот префинет стил, а странските медиуми нејзината модна комбинација ја опишаа како елегантна и моќна.

По повод Светското првенство во нејзината земја, се огласи на „Инстаграм“ и им посака добредојде на сите. „Дојде време. Добре дојдовте во Катар и со среќа на сите“, напиша таа и сподели неколку фотографии со сопругот и децата.

Моза бин Насер е позната по својот исклучителен стил, а медиумите често ја нарекуваат „кралица на стилот“. Во 2015 година беше прогласена за една од најдобро облечените жени во светот.

Сопругата на претходниот емир на Катар е една од водечките модни фигури на Блискиот Исток. Таа доби глобално признание за стилот на облека додека го придружуваше својот сопруг на државните функции.

Таа е модна икона, интернет-сензација и филантроп, пишуваат светските шоу-биз медиуми. Носи врвен накит, чевли на славниот дизајнер Кристијан и има дипломи од неколку универзитети.

Родена е во 1959 година во крајбрежниот град Ал Хор, на северот на Катар, во племето Ал-Миснед. Нејзиниот татко Насер бин Абдула Ал-Миснед бил истакнат катарски бизнисмен и лидер на опозицијата за време на владеењето на шеикот Калифа бин Хамад бин Абдула Ал Тани.

Своите рани години ги помина во Кувајт и Египет, но се врати дома во 1977 година. Студирала социологија на Универзитетот во Катар. Подоцна магистрирала јавна политика во исламот на Универзитетот Хамад бин Калифа. Се омажи за Хамад бин Калифа Ал Тани во 1977 година и заедно имаат седум деца.

Моза бинт Насер е најпозната по својата работа во областа на образованието и здравството. Во 1995 година таа ја основа Катарската фондација за образование, наука и развој на заедницата. Под нејзино претседателство, таа продолжува да работи на воспоставување на Катар како лидер во областа на образованието, науката и културата.

Оваа исклучителна жена има добиено бројни меѓународни награди и почести.

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август